Онлајн обуки за претприемачиПристапи

Услови за користење

Општи одредби

Правно лице кое е овластено и кое стои зад оваа Услови за користење  е ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Куманово и одговорното лице во правното лице Драган Шутевски.

Со посетата на веб страната www.premium.pretpriemac.com (во понатамошен текст Премиум Претприемач) се согласувате со општите одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантните меѓународни регулативи кои Репубика Македонија ги има потпишано и позитивните законски норми во Република Македонија.

Општите одредби претставуваат правен договор помеѓу Вас и Премиум Претприемач.

Премиум Претприемач  можете да го користите под услов да ги прифатите општите услови без измена од Ваша страна на условитe и известувања содржани подолу. Користењето на оваа веб страна претставува Ваш договор и согласност со сите услови и известувања.

Услови за членство

За членство и пристап до програмата на Премиум Претприемач потребно е плаќање на годишна претплата. Секој корисник се согласува да ја плати  претплатата, однапред преку кредитна картичка, вирмански или со друг метод, назначен од страна на Премиум Претприемач. Не е предвидено враќање на надоместоткот за годишна претплата  без оглед на каква и да е причината.

Премиум Претприемач е on-line сервис на информации обезбедени од страна ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ и е предмет на Вашата согласност со условите наведени подолу. ВЕ МОЛИМЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ ПРЕД ДА ГО ОТВОРИТЕ ИЛИ ПОЧНЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТ-ОТ. СО ПРИСТАПУВАЊЕ ИЛИ СО КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТ-ОТ, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ НА УСЛОВИТЕ НАВЕДЕНИ ПОДОЛУ. АКО НЕ САКАТЕ ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, МОЖЕБИ НЕМА ДА ИМАТЕ ПРИСТАП ИЛИ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ СТРАНИЦАТА. ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ МОЖЕ ДА ГО МЕНУВА ОВОЈ ДОГОВОР ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ  И ТИЕ ИЗМЕНИ ЌЕ БИДАТ ЕФЕКТИВНИ ВЕДНАШ ПО ОБЈАВАТА НА ПРОМЕНЕТИТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА. ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ЗА ПЕРИОДИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ДОГОВОРОТ ЗА ДА БИДЕТЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО ЕВЕНТУАЛНИ ПРОМЕНИ И ВАШИОТ КОНТИНУИРАН ПРИСТАП ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ ЌЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ ОД ДОГОВОРОТ.

Гаранција за резултати

Не можеме да гарантираме било каков приход врз основа на Вашата партиципација во Премиум Претприемач. Ние обезбедуваме алатки и едукација, но Вие сте одговорни за резултатите.

Право на исклучување

Го задржуваме правото да го исклучиме Вашето членство во било кое време доколку забележиме прекршувања на овие услови. Правото за враќање на надоместокот ќе биде предмет на разгледување на тимот на Премиум Претприемач.

Авторски права, лиценци и право на користење на постирани идеи

Целата содржина на Премиум Претприемач е заштитенa со меѓународни закони за авторски права и трговски марки. Сопственикот на авторските права и заштитни знаци е ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ. НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ВО БИЛО КАКВА ФОРМА МЕНУВАЊЕ, КОПИРАЊЕ, РЕПРОДУЦИРАЊЕ, UPLOAD, ОБЈАВА, ПРЕНОС ИЛИ ДИСТРИБУЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛОТ НА САЈТОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ТЕКСТОВИ, ГРАФИЦИ, КОД И/ИЛИ СОФТВЕР. Може да печатите и симнувате делови од материјалот само за своја употреба, под услов да не менувате или да го бришете  авторско право на сопственост или известувања од материјалите.

Со прифаќање на општите одредби се согласувате да му дадете на Премиум Претприемач неексклузивно и непрекинато право, без наплаќање на хонорари, во целиот свет, за репродукција, дистрибуција, пренос, креирање на адаптирани дела, јавно прикажување на  презентирани материјали и други информации доставени или постирани на сите јавни области на веб страната преку коментари или преку контакт формата на веб-сајтот  и на било кој медиум познат или понатака развиен. Воедно се согласувате за правото на користење на  Вашето име во врска со објавените материјали  и други информации, како и во врска со сето рекламирање, маркетинг и промотивни материјали поврзани со претходното. Вие се согласувате дека нема да барате надомест од ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ за секоја наводна или вистинскa  повреда на  било кое комерцијално право во вашата комуникација со Премиум Претприемач.

ТРГОВСКИ МАРКИ. Изданија, производи, услуги со референцирана содржина  овде или на сајтот се ексклузивни трговски марки или услужни марки на ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ.  Други производи и фирми или имиња кои може да се најдат на сајтот може да се трговски марки на нивните сопственици.

2. Користење на сајтот

Освен  информации, производи или услуги јасно идентификувани и обезбедени од Премиум  Претприемач, веб-сајтот не работи, не контролира или одобрува никакви информации, производи или услуги на Интернет на било кој начин. Освен информации, производи или услуги идентификувани и дефинирани од  веб-сајтот Премиум  Претприемач, сите информации, производи и услуги понудени  на веб страната или на интернет обично се нудат од страна на трети страни, кои не се поврзани со Премиум Претприемач.

Премиум Претприемач не може и не е гаранција или не гарантира дека датотеките достапни за симнување од веб страната (сајтот) ќе бидат заштитени од вируси, црви, тројански коњи или друг код кој манифестира штетни или деструктивни својства. Вие сте одговорни за спроведување на потребните процедури и контролни пунктови  неопходни за да ги задоволи Вашите специфични барања за точноста на податоците при влез и излез и надворешни средства за одржување  на сајтот при реконструкција на сите изгубени податоци.

ЦЕЛОСНО ПРЕВЗЕМАТЕ ОДГОВОРНОСТ И РИЗИК ЗА УПОТРЕБА НА САЈТОТ И НА ИНТЕРНЕТОТ. ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ ОБЕЗБЕДУВА ВЕБ СТРАНА И ИНФОРМАЦИИ “ВО ФОРМА КАКВА ШТО Е” И НЕ ДАВА ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ГАРАНЦИИ, ОПИС ИЛИ ПОДРШКА ОД БИЛО КОЈ ТИП ПОВРЗАНИ СО УСЛУГАТА, КОМЕРЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ НАШИОТ СЕРВИС ИЛИ НА ИНТЕРНЕТ ГЕНЕРАЛНО. ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ НЕМА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА БИЛО КАКВА ШТЕТА ИЛИ ТРОШОЦИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ  ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИРЕКТНО ОД ТАКВА РАЗМЕНА. ЦЕЛОСНО ВАША ОДГОВОРНОСТ Е ОЦЕНКА НА ТОЧНОСТА, ПРИМЕНЛИВОСТА НА СИТЕ МИСЛЕЊА, СОВЕТИ, УСЛУГИ, ТРГОВИЈАТА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕКУ СЕРВИСОТ ИЛИ НА ИНТЕРНЕТ ГЕНЕРАЛНО. ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА  УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ КОНТИНУИРАНА, БЕЗ ПРЕКИНИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, НО ГАРАНТИРА ДЕКА СЕКОЈ СЛУЧАЕН ДЕФЕКТ ЌЕ БИДЕ КОРЕГИРАН ВЕДНАШ ПО ПРИМАЊЕ НА ТАКВА ИНФОРМАЦИЈА.

ИНТЕРНЕТОТ  СОДРЖИ НЕРЕЦЕНЗИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД КОИ НЕКОИ СЕ СЕКСУАЛНО ЕКСПЛИЦИТНИ ИЛИ МОЖЕ ДА СЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА ЗА ВАС. ПРИСТАПОТ ДО ТАКВИТЕ МАТЕРИЈАЛИ Е НА ВАША ОДГОВОРНОСТ. ОВОЈ САЈТ  НЕМА КОНТРОЛА ВРЗ НИВ И НЕ ПРИФАЌА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТАКВИ МАТЕРИЈАЛИ.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА.  ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ ИНТЕРСТИЛ – НС ДОО, САЈТОТ ИЛИ ПЕРСОНАЛОТ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА (I) СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ САМО НА, ШТЕТИ ЗА ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ПРЕЧКИ ВО БИЗНИСОТ, ГУБЕЊЕ НА ПРОГРАМИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ И СЛ. ) КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА СЕ КОРИСТИ УСЛУГАТА, ИНФОРМАЦИИТЕ ИЛИ ТРАНСАКЦИИТЕ ПРЕДВИДЕНИ СО ИЛИ СИМНАТИ ОД УСЛУГАТА  ИЛИ БИЛО КАКВО СКЛАДИРАЊЕ НА ТАКВИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ УСЛУГИ,  ДУРИ И АКО ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ ИЛИ НЕГОВИТЕ ОВЛАСТЕНИ ПРЕТСТАВНИЦИ СЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВИ ШТЕТИ  ИЛИ ЗА (II) СЕКОЕ БАРАЊЕ КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПИШЕ НА ГРЕШКИ, ПРОПУСТИ, НЕТОЧНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УСЛУГАТА И / ИЛИ МАТЕРИЈАЛИТЕ ИЛИ ИНФОРМАЦИИТЕ СИМНАТИ ПРЕКУ СЕРВИСОТ. СО ОГЛЕД НА ФАКТОТ ШТО НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ИНДИРЕКТНИ ИЛИ СЛУЧАЈНИ ШТЕТИ, ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС. ВО ТАКВИТЕ ДРЖАВИ, ПРЕМИУМ ПРЕТПРИМАЧ Е СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ДО НАЈВИСОКИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН.

Сајтот  не сноси одговорност за било која друга интернет страница, до која можете да пристапите преку оваа страна или преку која може да пристапите до Премиум Претприемач. Кога ќе пристапите до веб-страница која не е на Премиум Претприемач, Ве молиме да имате во предвид дека е независна од Премиум Претриемач  и дека Премиум Претриемач нема контрола врз содржината на тој веб-сајт. Покрај тоа, со линк до Премиум  Претриемач веб-сајт не значи дека Премиум Претприемач прифаќа одговорност за содржината или го поддржува користењето на вакви интернет страни.

3. Компензација

Со овој договор се согласувате Премиум Претприемач,ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ, неговите службеници, директори, агенти, лиценцираните надворешните соработници,  даватели на услуги,  да ги осигурате и заштитите од и против сите загуби, штети и трошоци, издатоци,  вклучувајки и разумни адвокатски надоместоци, предизвикани од прекршување на овој договор (вклучувајќи и лажно или несовесно однесување) од Ваша страна или било кое друго лице со пристап до услугата.

4. Права на трета страна

Одредбите од ставовите 2 (користење на услуги), и 3 (компензација) се во корист на Премиум Претприемач и неговите службеници, директори, агенти, лиценцираните надворешните соработници, снабдувачите, надворешни извори на  информации и даватели на услуги. Секој од овие лица или субјекти ќе имаат право да тврдат и да ги применуваат овие одредби директно против Вас во свое име.

5. Прекин на услугата

Овој договор може да се прекине двострано, без претходна најава  во секое време за било каква причина. Одредбите од ставовите 1 (авторски права, лиценците и право на користење на постирани идеи), 2 (користење на услуги), 3 (компензација), 4 (Права на трета страна) и 6 (Разно) ќе престанат да важат со прекин на овој договор.

6. Разно

Овој договор ќе бидe целосно регулиран и толкуван во согласност со законите на Р.Македонија. Вие се согласувате дека секоја правна постапка или постапка помеѓу Премиум Претприемач и Вас како корисник на услугите за било која цел во врска со овој Договор како надлежен суд да се смета исклучиво основниот суд во Куманово, Р. Македонија. Пропуст на спроведување на било која одредба од овој Договор нема да се толкува како откажување од било која одредба или право. Ниту односот ниту бизнис соработка помеѓу страните, нема да влијае на промена на некоја одредба од овој Договор. Премиум Претпримач  може да ги додели своите права и должности согласно овој Договор до која било страна во било кое време без претходна најава до Вас.

Се задржува право на сите одредби што не се јасно назначени во овој договор.

За подетални информации можете да не контактирате преку Контакт Форма на претприемач или директно на e-mail info@sutevski.mk.