Онлајн обуки за претприемачиПристапи

Политика за приватност

Ја креираме следнава Политиката на приватност со цел да покажеме цврста определба и решеност за заштита на Вашата приватност. Ова вклучува собирање на информации и аналитика од следнава веб страна:  http://www.premium.pretpriemac.com во понатамошен текст Премиум Претприемач.

Правно лице кое е овластено и кое стои зад оваа политика на приватност е ШУТЕВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Куманово.

Општи одредби

Премиум Претприемач нема да ги продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.

Премиум Претприемач  не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. Премиум Претприемач може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е и нема да биде доверена на трети лица.

Формуларот за регистрација на нашиот сајт бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име и и-мејл адреса). Тие се добиени на доброволна основа и врз основа на двојна потврда. Информациите ќе се користат за контакт при појава на таква потреба. Корисниците можат да се одјават од добивањето на електронски пораки во секое време.

Овој сајт содржи линкови до други сајтови. Премиум Претприемач не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.

Податоците кои се прибираат преку Премиум Претприемач се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници.

Во случај на криминална истрага, Премиум Претприемач ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење на колачиња (Cookies)

Премиум Претприемач користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено.

Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на Премиум Претприемач.

Имате можност да ги прифатите или одбиете колачиња. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња. Ако ги одбиете нема да можете да уживаате во целосно интерактивно искуство  предвидено од страна на Премиум Претприемач и ќе  пропуштате одредени функции на веб страната.

Други податоци

Веб-хостинг провајдерот ја користи вашата IP адреса да му помогне при дијагностицирање на проблемите со сервер како и за администрација на нашиот веб сајт.

Заради споредбени анализи, Премиум Претприемач го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics.  Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.

Личните податоци во однос на кредитните картички Премиум Претприемач нити ги процесира, а со тоа и нема можност да ги складира и користи истите за било каква намена. Сите податоци за плаќањето и кредитните картички се процесираат од страна на Интернационалниот Картичен Систем Casys.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на pretpriemac@pretpriemac.com или преку контакт формата на претприемач.